Што се случува во мозокот во последните моменти од животот?

01.08.2024 09:17
Што се случува во мозокот во последните моменти од животот?

Станува збор за истражување на невролозите од Универзитетот во Британска Колумбија кои ја мереле електричната активност во мозокот на пациентите во хоспис додека биле свесни и во моментот на смртта.

Докторката Џил Болт Тејлор, американскa научничка која се занимава со истражување на мозокот, го опишува своето искуство на одење по работ на животот и моментот на смртта во книгата насловена My Stroke Of Insight. Доживеала страшен мозочен удар и тоа искуство целосно ги променило нејзините приоритети во животот. Таа вели дека чувствувала стравопочит за време на смртта, измешана со блажена еуфорија.

Дошло до крварење во левата хемисфера на нејзиниот мозок, кое се проширило толку брзо што по четири часа било со големина на тупаница. Таа вели и дека во последните моменти пред смртта сфатила што е навистина важно во животот, па нејзините приоритети денес се сосема поинакви отколку пред мозочниот удар.

Бидејќи според невронаучниците слухот е последното сетило што исчезнува, и како што вели д-р Тејлор, блаженото искуство може да го замени стравот од умирање, оваа информација би можела да биде корисна во пружањето утеха на семејството и пријателите, но и како насока како да се однесуваат додека стојат покрај креветот на саканата личност на кој/која не му/ ѝ останува многу живот.

Што се случува во нашиот мозок пред смртта?

„Сме слушале дека лекарите често се сведоци на позитивни реакции од пациентите доколку нивните најблиски разговараат со нив во тие последни моменти. Кога нашата мајка лежеше на умирање, сестра ми и јас седевме покрај неа, ја држевме за рака и ѝ шепотивме утешителни зборови сѐ додека апаратот во болницата не ја покажа правата линија.

Интуитивно мислевме дека можеби нашата мајка би можела да нè слушне. Никој не знае со сигурност што се случува кога ќе умреме, но истражувањата на некои невролози покажуваат дека нашата интуиција можеби е исправна”, вели д-р Брајан Е. Робинсон, американски автор, психотерапевт и професор на Универзитетот на Северна Каролина во Шарлот, додавајќи :

„Во последните часови пред очекуваната природна смрт, многу луѓе влегуваат во период на нереагирање, кога повеќе не реагираат на надворешната средина. Анегдотските извештаи за искуства блиску до смртта обично вклучуваат приказни за личноста на умирање која слуша необични звуци или дека е прогласена за мртва.

Во револуционерната студија од јуни 2020 година објавена во Scientific Reports, невронаучниците го открија првиот емпириски доказ дека некои луѓе можат да слушнат што се случува околу нив во таа фаза на негирање, неколку часа пред смртта.

Станува збор за студија на невролозите од Универзитетот во Британска Колумбија кои, користејќи го ЕЕГ индексот, ја мереле електричната активност во мозокот на пациентите во болницата Св. Џон додека биле свесни и не реагирале.

Во истражувањето тие користеле и контролна група од млади, здрави учесници. Ги следеле реакциите на мозокот на тонови и откриле дека аудитивните системи на пациентите на умирање реагираат слично како оние на младите, здрави субјекти, само неколку часа пред да умрат.

Тие заклучиле дека „мозокот што умира реагира на звучните дразби дури и во текот на несвесната состојба и дека слухот е последното сетило што влегува во процес на умирање. Многу луѓе кои имале искуства блиски до смртта тоа го опишуваат како чувство на стравопочит или блаженство, како и нерадо враќање во своите тела.

Фото: Gaia Moments/Alarmy

Извор: https://www.danas.rs

ОкоБоли главаВицФото