1008 hPa
41 %
31 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 13:59
Како знаете кога вашето уметничко дело е завршено? Дали се повлекувате и земате неколку длабоки здивови додека ја слушате вашата интуиција? Или продолжувате, фокусирајќи се на најмалите детали и го применувате законот за редуцирани приноси?
Размислувањето за тоа дали и кога едно уметничко дело е „целосно” или завршено е постојано присутно кај сите креативци. Американската метница Каролина Романовска која изработува маски од глина верува дека работата со керамика ѝ помогнала да ја надмине споменатата внатрешна блокада.
„Може да се каже дека глината како материјал за создавање уметнички дела се движи паралелно со намерите на создавачот. Жива е и има свој дух. Работата со керамика е постојан танц кој бара дисциплина, а природата на материјалот ме принудува да го завршам она што го работам. Откако парчето ќе излезе од печката, повеќе не можам да ја менувам неговата структура. Потоа морам да го прифатам како такво, да му се посветам и да го декорирам со боја и текстура”, вели Каролина.
Романовска ја декорира секоја маска со мноштво разновидни дезени и испакнати површини во живописни нијанси кои обложуваат посебни карактеристики како што се заоблени рогови, крупни очи, румени образи и испакнати јазици. Нивните лица евоцираат низа изрази, од страв и трепет до задоволство и радост.
Фокусирајќи се на убавината на процесот на правење и интегритетот на глината, уметницата објаснува: „ Всушност не станува збор за самата работа, туку за целиот процес, неколкуте денови што ги имам со материјалот, период во кој можам да ја втиснам својата енергија на него и потоа да го оставам”.
Негувањето здрав однос со својата уметничка практика оваа уметница ја катапултира на место каде што може да произведува сѐ повеќе и повеќе уметнички дела, наместо да се чувствува заглавена. На константната работа Романовска гледа како на можност за создавање повеќе шанси за успех и неуспех.
Извор: https://www.thisiscolossal.com