1017 hPa
56 %
19 °C
Скопје - Вто, 17.09.2024 10:59
Ноа Лајлс (стаза 7) и Кишан Томпсон (стаза 4) ја преминуваат целта. Фото: Дејвид Џ. Филип
Вчерашното финале на 100 метри на Олимписките игри во Париз беше најбрзата трка на сите времиња. Првопласираниот и последнопласираниот ги делеа само 0,12 секунди. Ни Мајкл Џонсон не ја криеше возбудата.
На воодушевувачкиот настап на Олимписките игри во Париз на трката на 100 метри, победникот Ноа Лајлс беше само за пет илјадитиот дел од секундата пред второпласираниот Јамајканец Кишан Томпсон.
На полниот стадион Stad de Frans публиката беше сведок на испишувањето на историјата. За прв пат, сите осум финалисти трчаа помалку од 10 секунди на трката на 100 метри со дозволениот ветер - што ја прави најбрзата трка на сите времиња. На следниот линк може да се проследи кратко забавено видео од легендарната трка.
Сите осум финалисти ја завршија трката за 0,12 секунди. Американецот Ноа Лајлс го освои златниот медал со време од 9,79 секунди, додека последнопласираниот Јамајканецот Облик Севил ја помина линијата за 9,91 секунди - време кое би било доволно за четврто место на Олимписките игри во Токио.
Кишан Томпсон и Ноа Лајлс ги чекаат резултатите од трката, Фото: Ешли Лендис
Четирикратниот олимписки шампион Мајкл Џонсон изјави дека тоа е апсолутно најдоброто финале во спринт на 100 метри што некогаш го видел.
„Некоку минути не ни знаевме кој победи”, вели Џонсон.
Дури кога големиот екран во стадионот ги покажа официјалните резултати, светот дозна дека Лајлс освоил злато. Додека Американецот ја прославуваше својата прва олимписка победа, останатите останаа запрепастени откако беа сведоци на една од најневеројатните олимписки пресметки на 100 метри на сите времиња.
Како се одредува победникот на трката?
Кога на интернет се појавија фотографии од крајот на трката, многумина беа збунети. Имено, на фотографиите се гледа дека нозете на останатите натпреварувачи први стигнале до целта. Меѓутоа, во атлетиката, крајот на трката за спортистот/ката се одредува во моментот кога нивното торзо ќе ја помине целната линија.
На снимката се гледа и како американскиот олимпиец кон самиот крај на трката се наведнува напред, свесен за ова правило. На крајот, тоа на Лајлс му го обезбеди првото олимписко злато.
Ноа Лајлс (стаза 7) и Кишан Томпсон (стаза 4) ја преминуваат целта, Фото: Дејвид Џ. Филип
Извор: https://www.bbc.com