Фотографии кои ја слават различноста на дизајнот во природата

06.08.2024 12:56
Фотографии кои ја слават различноста на дизајнот во природата

Во новата серија на детални макро фотографии од британскиот фотограф Левон Бис кои ја слават различноста на дизајнот во природата, сведоци сме на неговото внимателно и посветено каталогизирање на јајцата на необичните инсекти наречени фазмиди.

Фотографската студија на Левон за јајца од фазмиди, или попознати како инсекти - стапчиња, прикажува над 70 видови од целиот свет. Секој вид од овие инсекти произведува јајце кое е уникатно по форма и дизајн.

Како и во нивната изведена форма, јајцата од фазмид покажуваат неверојатно ниво на камуфлажа, имитирајќи ги остатоците од растенијата на кои најчесто живеат. Со должина од само неколку милиметри, екстремно кревки, јајцата од фазмид се едно од скриените чуда на природата.

Ова е прв пат јајца од фазмиди да се фотографираат со таква јасност, што обезбедува ресурс не само за љубителите на уметноста, туку и за научни истражувања.

 

Извор: https://levonbissstudio.com

ОкоБоли главаВицФото