Роза

07.08.2024 19:33

Придобивка е да се биде роза
во градина што си решил да ја преуредиш.
Те дочекувам подготвена:
пред тебе
помина зимскиот ветар, па
коњаници под тешки оклопи.
На латиците
лед и
нож.

Придобивка е да се биде роза
во градина што ја уништуваш.
Совршена во сè,
извежбана сум и за овој миг.
Вовлеков трн:
нема доволно голема казна
што би те ослободила од вината.
На твоите раце
роса и
последниот свилен
здив.

Превод: Санде Стојчевски

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото