1014 hPa
93 %
4 °C
Скопје - Саб, 24.01.2026 18:59
Мојот татко ги вади очилата
и ги става на облак
зема стап
и тргнува во прошетка.
Благите перници магла
и мојата љубов
го придржуваат.
Денот е и исклучително блескав
големата и сјајна кугла
се ниша
опасно
на трепките.
Мојот татко
висок и среќен
го фрла стапот
и чекори.
Јас му велам
добро е
добро е.
Наутро
додека се будам
и после целиот ден
ме боли
леснотијата
со која се разделивме.
Превод: Санде Стојчевски