1014 hPa
88 %

15 °C
Скопје - Чет, 22.05.2025 01:43
Намалувањето на употребата на автомобили во секојдневниот живот, како и свртувањето кон чисти извори на енергија оди рака под рака со зелените планови за иднината на развојот на градовите.
Јужна Кореја ги комбинираше овие две компоненти на одржливиот развој во еден проект и постигна целосен успех. Централната лента на автопатот, која порано се користеше само за раздвојување на двата правци на движење, претворена е во велосипедска патека која е покриена со своевиден тунел од монтажна конструкција на кој има соларни панели.
Фотографиите од Јужна Кореја кои го прикажуваат патот на иднината, на кој има посебна лента за велосипедисти покриена со соларни панели, веќе десет години го обиколуваат светот како добар пример за одржлив развој. И покрај тоа што има приговори поврзани со влијанието на бучавата и издувните гасови врз велосипедистите, овој проект фасцинира.
Јужна Кореја ја изгради оваа еколошка велосипедска патека во 2014 година, а патот ги поврзува градовите со Сејонг, административната престолнина на Јужна Кореја. Широката лента од 13 метри поставена на средината на автопатот е единствена во Јужна Кореја, каде што повеќето велосипедски патеки се изградени покрај пешачките патишта.
Со 7.502 соларни панели поставени на приближно 76 сантиметри еден од друг, панелите покриваат приближно 4,8 километри од автопатот долг 8,8 километри и можат да произведат просечно 2.200 MWh еколошка електрична енергија годишно, што напојува голем дел од уличните светилки и електронски дисплеи во Сејонг. Всушност, соларните панели произведуваат количина на енергија за напојување еквивалентна на приближно 600 домаќинства, според јужнокорејското Министерство за земјиште, инфраструктура и транспорт.
Извор: baustela.hr