1009 hPa
41 %
31 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 12:59
(...) Како пред, така и после Југославија. Државите-наследнички на СФРЈ се во различни степени на зависност од другите: од статусот на „помлади партнери“ во ЕУ (Словенија, Хрватска), до територии под директна управа на меѓународни тела (Косово, Босна и Херцеговина), до делумниот суверенитет на Србија, чија Влада веќе со децении нема власт над територија над која номинално полага право. Тој суверенитет е нецелосен и во територијална и во секоја друга смисла.
По склучувањето на договорот за литиум во Белград, во изјава за Дојче веле, германскиот канцелар Олаф Шолц не зборуваше за Србија како партнер, туку како за посед: како главна мотивација на ЕУ да ѝ го наметне договорот на Србија, тој го наведе спречувањето на Русија и Кина први да стигнат до наоѓалиштата на литиум. Тоа неодоливо потсетува на колонијален грабеж.
За секоја од тезиве може да се дебатира. Важно е да биде јасно што всушност значи отфрлањето на договорот за експлоатација на литиум во Србија. „Не“ за Рио Тинто значи „Не“ за Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, но мора да значи и јасно отфрлање на режимот на Александар Вучиќ: „Не“ за корупцијата, планираното осиромашување на населението, нетранспарентностa на власта, шовинизмот, циничниот однос кон демократијата, значи за сите карактеристики типични за неоколонијалните автократии.
Тоа значи дека „Не“ за Рио Тинто мора истовремено да биде израз на доверба во себе, во своите сили, во интегритетот на секој граѓанин на Србија и во неговата способност самостојно да ја гради својата државна и политичка заедница, да ги открие своите можности и да се потпре на своите способности.
Како што велеше мојот драг професор Ngũgĩ wa Thiong'o, кој ја доживеа острицата на неоколонијалниот режим во Кенија, „деколонизацијата“ првенствено се однесува на деколонизација на духот. Ако „Не“ за Шолц во исто време значи „Да“ за Владимир Путин или „Можеби“ за Си Џинпинг, пак џабе сме кречеле.
Извадок од текст на Пешчаник
Слики: Camille Bernard
Избор и превод: Н. Г.