Дарување Ацефал

14.08.2024 10:45

Ут, ут, зауткала утка
ут, ут, за фамилија утала
ут, ут, за деца утала
ут, ут, залутала утка.

Брика-а-брак,
застанала на бездимен конак.
Тет-а-тет,
лош магиски адет.

Ут, ут, во конакот
бегот млад Миле
потсукал мустаќ
разголил пиштол.

До него, уште
една душа осамена
со уста без јазик
од пороци засрамена.

Ут, ут, зборот збор отвара
еден збор, еден алтан,
Миле како риба молчи,
крие како змија нозе.

Со грев на душа
бекна да ја напира
де-та-де Миле,
гола да ја допира.

Од бег, бегање нема!
Око лакомо ја свлече,
од пасивни возбуди
нему му се понуди.

Претопени во игра
излеани органи споија
срце распуштија
на Бога се препуштија.

Ут, ут, утка се оџагари
во тела разголени
на смртта покорени
спозна души разгорени.

Миле-бег, вознемирен
од тишината што се спушта,
спремен да ја жртвува
каданата која го гушка.

Со десна рака, срце и откорна
како вампир крв ѝ исцица.
Со наострен нож, глава ѝ отсече
пиштол во уста ѝ напика.

Ут, ут, летна утка
на тајни вовлечена
со голи тела соочена
од смртта укочена.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото