Чевлите како уметнички објекти

14.08.2024 13:11
Чевлите како уметнички објекти

Извиткана чизма

Женски чизми со копчиња. Станува збор за хибридно дело кое ги комбинира автентичните материјали и традиционалниот процес со силна авангардна форма, која со својата необичност го возбудува умот на гледачот.

Обучувајќи се за обработка на кожа во Виена покрај најталентираните занаетчии, јапонскиот уметник Норијуки Мисава создава уникатни чевли на кои е тешко да им се одреди цена.

Чизми обложени со уметнички дела

Ова дело е комбинација на јапонски вкус и европско влијание. Контурите на чевелот го следат европскиот стил, додека поставата на чевелот, дел од чевелот што обично не се гледа, е декорирана со јапонски прецизни и дкоративни уметнички дела.

Норијуки Мисава е еден од најпознатите луксузни чевлари во Јапонија. Неговите креации кои се изработуваат по мерка, кај кои е видилива посветеноста на деталите, се носени од клиенти ширум светот.

Декориран надворешен ѓон

Фокусот кај овој модел на чевли е на вниманието посветено на надворешниот ѓон, кој е декориран со околу 3000 парчиња клинци од месинг, кои имаат за цел да доловат фигуративна убавина.

Бидејќи растел опкружен со уметничките книги на неговата мајка, Норијуки Мисава развил чувство на интелектуална љубопитност на многу млада возраст. Бил фасциниран од кожените чевли и решил да стажира во Токио за да стане чевлар. Седум години подоцна, тој се упатил во Виена, град особено познат по курсевите за обука за уметност и занаетчиство.

Музика

Чевли изработени со концептот на создавање музика со чевли. Мисава креирал чевли како да се музички инструменти. Тогаш светски познатиот уметник Дон Килпатрик III ја компонирал мелодијата со дизајнирање и резбање слики на табаните.

„Каменот на Магрит“

„Каменот на Магрит“ на Исаму Ногучи е апстрактна скулптура базирана на слика на надреалистот Рене Магрит. Со оглед на тоа што Мисава е заинтересиран за сè што е поврзано со формата на чевелот, таа станува сандала што лебди во воздухот. Ѓонот, со пресек на груба текстура кој е прецизно пресметан, е опремен со кожа од сребрена фолија, укажувајќи почит на работата на Ногучи. Обликот на сребрените делови е извајан за анатомски дефинирана распределба на плантарниот притисок при одење. Природно произведува сила што влече надолу, како бранувачкото море на дното на оригиналната слика на Магрит насловена „Замокот на Пиринеите“, и ја нагласува лебдечката суштина на чевелот како целина. Станува збор за надреалистичка сандала, уметничко дело кое може да се носи, базирано на „метафизичкото сликарство“ на Магрит и скулптурата на Ногучи.



„Кора“

Паркот Моренума е дело кое птретставува кулминација за Исаму Ногучи, самопрогласениот „граѓанин на вселенскиот брод Земја“. Инспириран од „скулптурите на земјата“ на Ногучи расфрлани околу поранешна локација за депонирање на индустриски отпад, „Кора“ изгледа прекрасно како градбени блокови со кои си играат децата. Но, инспирацијата за ова дело доаѓа од дијаграм што го прикажува движењето на дефектот, познат во Јапонија како земја во која често има земјотреси. Земјотресот што се случил за време на создавањето на делото дал инспирација за рачно изработениот дрвен модел каде што е изразено поместувањето на плочите како примамлив нов додаток каде што можат да се ставите нозете нагоре.


Олицетворение

„Имагинацијата во суштина се заснова на меморијата, го следи меморирањето на она што сме го виделе и доживеале. Имагинацијата е креацијата на спојување на елементи, без оглед на идејата, во различни комбинации. Тоа е процес на распоредување на знаењето во нови формати“, вели Сид Мид, легендарен индустриски дизајнер/визуелен футурист, кој се поврзал со Мисава. Меѓу делата на Мисава, кои продолжуваат да ги отелотворуваат зборовите на Сид Мид, „Инкарнација“ е дело што ќе ве остави со широко отворени очи и ќе ве воодушеви со чудноста на своите комбинации.


'Рѓа

Мисава и уметникот Кеико Мураками кој ја користи 'рѓата како уметнички материјал, успеаја да ја обојат кожата со 'рѓа. Ова се првите чевли во светот кои користат кожа обоена со 'рѓа.
 Изгорени чизми

Сензационални кожни чевли, детално изработени и ебонизирани со пламен.

Концептуални чевли

Некои „автомобили“ имаат исклучително префинет дизајн, додека „кожените чевли“ се традиционални конструкции од нашето минато. Кога се обидувате да споите „автомобил“ со „кожени чевли“, постои антагонизам на функционална естетика. Затоа, парчето е создадено со елиминирање на функционалната естетика и се фокусира само на формативната убавина.
Инспирирани од Мерцедес-Бенц.

Кожени отпадоци

За Мисава, кој обично прави тродимензионални чевли од кои заработува за живот, кожениот занает е начин да научи како да се изразува на дводимензионална површина, а ова дело е кулминација на неговите напори.

Чевли инспирирани од мебел

Инспирирано од мотивите на европскиот античкиот мебел, ова дело ги спојува карактеристичните детали во форма на чевел.

Исклучување

Овие пресечени стогодишни британски винтиџ чизми црпат инспирација од анимираните борбени секвенци на јапонската манга.

Урнатини

Мисава е чевлар кој секогаш се стреми кон совршенство во својата работа, но го привлекуваат несовршености, неправилности и траги од времето. Делото насловено „Урнатини“ е инспирирано од посетата на Варшава во 2016 година, каде што уметникот видел голем број градежни ѕидови со гипс како се лупат и се откриваат тулите. Мисава сакал да ја изрази, на свој начин, преку изработката на чевли, убавината што ја нашол во урнатините на времето што горело во неговиот ум.

Направете малку врева

Мисава го создал ова уметничко дело од чевли во вид на импровизациски перформанс со негативни материјали и негативни појави, кои воопшто не се користат во чевларството. За ова парче, уметницата Која Огата која се занимава со звук користела различни звуци што произлегуваат од настапот во живо на Мисава. Ова уметничко дело ја изразува мислата; „Што и да се случило, под какви било ситуации или опкружување, никој не може да ги спречи нашите креации“.

Уметникот Норијуки Мисава во своето ателје.

Фото:Isao Negishi

Извор: https://pen-online.com

ОкоБоли главаВицФото