1012 hPa
45 %

27 °C
Скопје - Вто, 15.07.2025 21:59
Готвењето, варењето, растењето и распаѓањето се меѓусебно поврзани процеси кои создаваат сојузи помеѓу различните форми на живот. Ова е централната идеја на Transspecies Kitchen, проект на дизајнерот Андрес Жак и Канцеларијата за политички иновации (Оffpolinn) кои го реупотребуваат мермерниот отпад од индустријата за вадење камења и го трансформира во одржлива кујна на отворено.
Комбинирајќи ги екологијата, политиката и одржливото подготвување храна, кујната во музејот „Мидлхајм” во Антверпен, Белгија не се напојува со гас или електрична енергија, туку со искористување на енергијата преку молекуларни интеракции. Дејствувајќи како колективен дигестивен систем, Transspecies Kitchen покажува дека метаболизмот е заеднички процес, кој не зависи само од соработките меѓу луѓето.
Одржлива кујна како колективен акт
Проектот Transspecies Kitchen е произлезен од соработката што започнала во 2021 година помеѓу меѓународната архитектонска пракса Offpolinn на Андрес Жак и шпанската компанија за изработка на камења M-Marble Project.
Оваа уникатна кујна има за цел да го декарбонизира готвењето, користејќи ја ферментацијата како примарен метод за подготовка на храната. Овде, готвењето не е само физички чин, туку и еколошки и политички. Просторот за готвење ја отелотворува идејата за кујната како царство на колективно живеење, истакнувајќи ја меѓузависноста на сите форми на живот.
Крајниот израз на сето ова е зимологијата, науката за ферментација со користење на бактерии и габи. Овој процес ја прави кујната активен учесник во политиката што го создава животот, прифаќајќи ги методите за пост-јаглеродно готвење.
Кујната е изградена од мермерен отпад, нуспроизвод на индустријата за вадење камен. Вообичаено, само 30% од ископаниот камен се користи индустриски, а остатокот се фрла како отпад. Transspecies Kitchen го предизвикува ова расипништво со пренаменување на фрлениот мермер, трансформирајќи го со минимални измени.
Овој сиров, нерафиниран архитектонски пристап се усогласува со пошироката стратегија на проектот за намалување на индустријализацијата и отпадот. Функционирајќи како колективен дигестивен систем, Transspecies Kitchen покажува дека метаболизмот е заеднички процес, кој се потпира на сојузи во кои не учествуваат само луѓето. Оваа кујна ги замаглува линиите помеѓу готвењето, јадењето и распаѓањето, прикажувајќи ги како дел од континуирана молекуларна прогресија.
Уживање во екосистемските интеракции во шумата во Антверпен
Почнувајќи од јули 2024 година, Transspecies Kitchen е активна во текот на летото во шумата на музејот „Миделхајм”. Ќе биде домаќин на „Антверфагија”, настан кој ја истражува интеракцијата помеѓу стандардниот начин на јадење и јадењето во екосистемите на Антверпен.
Соочени со токсичноста на почвата и климатската криза во Фландрија, тимот на „Антверфагија” се обидува да поттикне нови сојузи на трансвидови засновани на взаемна грижа. Овие сојузи се доживуваат преку човечките сетила како различни физички и емоционални реакции, од вкус и мирис до интоксикација и горушица.
Фото:José Hevia
Извор: https://www.designboom.com