Дигитална носталгија

16.08.24 11:29

Можеби ниту една видео игра не ја докажа потребата од ескапизам во современиот живот на почетокот на пандемијата повеќе од играта насловена Animal Crossing. Играчите ширум светот се впуштаат во измислениот универзум за да ја избегнат вознемиреноста на секојдневниот живот, користејќи ја играта на аниматорот од Остин, Ерик Пауер како механизам за справување.

Поставена на новата колекција песни на Џереми Месерсмит насловена Mixtape for thr Milky Way, кратката историја е ода на шармантната симулација и потсетување и оддавање почит на нејзините претходници и современици.

Носталгичното видео ја прикажува еволуцијата на видео игрите - од Pacman и Asteroid до Cuphead, Limbo и надреалните акварелни пејзажи на GRIS - преку серија винтиџ телевизиски приемници и класични симулации целосно пресоздадени од хартија.

Во продолжение може да се погледне видеото, а за да видите повеќе од анимираните дела на Ерик Пауер, посетете го каналот на Vimeo и профилот на Instagram.

Извор: https://www.thisiscolossal.com

Слични содржини

Филм / Музика / Око
Филм / Око / Историја
Технологија / Око / Историја
Филм / Око / Историја
Филм / Око / Историја
Технологија / Око

ОкоБоли главаВицФото