1021 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 23:59
Имаш ли сила рано наутро
кога во уште неразденето
едно од друго се делат
горниот од долниот
очен капак,
сонот од јавето,
ноќта од денот,
имаш ли сила, се прашувам,
да се придржиш
да не се слизнеш меѓу тебе и себе,
кога со првата утринска мисла спознаваш
дека најосамен си сепак
кога сам од себе се делиш.