1017 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Вто, 14.07.2026 22:59
Ми шепотеше неповрзани работи
еден комарец кој ништо не го разбирав,
го соборив лесно, со една рака,
ми остави црни и црвени дамки
кои потоа ги избришав од нозете.
Попладнето ми се причини дека имам
нови бемки на тоа место,
толку беа ситни
што никако не можев да ги дофатам,
мислам дека летаа.