1026 hPa
40 %

11 °C
Скопје - Пон, 10.02.2025 15:59
Неодамна излезе новата песна на Телемама (псевдоним на македонската музичарката Драгана Заревска), насловена „Втората смена”.
Музиката и аранжманот се на Бранко Аврамовски, текстот и вокалот на Телемама. Песната е во продукција на Бранко Аврамовски, Телемама и Мехди Маснауи-Роти. Видеото е дело на Влатко Владимиров. Гитарите, басот и клавијатурите се на Бранко Аврамовски, тапаните од Каи Гранаас, а дополнителните тастатури на Мехди Маснауи-Роти. Снимката ја направил Мехди Маснауи-Роти, а миксот и мастерингот се направени во Студио 1060 од Дени Крстев.