1008 hPa
41 %
31 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 13:59
Имагинативните акрилни слики на британскиот уметник Демијан Елвис нудат живописен поглед на влијателните уметнички дела и ателјеата на познати уметници, од кубистичките композиции на Пабло Пикасо до „Двете Фриди“, иконичниот двоен автопортрет на Фрида Кало од 1939 година.
Ателјето на Баскија, улица Крозби (2023), акрил на платно
Елвес почнал да експериментира со сликање ателјеа на други уметници пред речиси четири децении додека живеел во Париз и поминувал време во простори за современа уметност. Тој ги проучувал архитектурата, материјалите, распоредот и навиките на секој поединец, прецизно документирајќи ги сите детали и манири.
Ателјето на Фрида Кало, Каса Азул (2010), акрил на платно
Со доаѓањето на интернетот и растечките онлајн архиви, Елвес почнал да бара фотографии од работните простори во кои твореле Жан-Мишел Баскија или Анри Матис.
Во неговите слики од големи размери, уникатни портрети се појавуваат низ препознатливите погледи од прозорците, дребулии на полиците, уметнички материјали и познатите дела кои сè уште се поставени на штафелаи.
Ателјето на Френсис Бејкон (2016), гваш на табла
На пример, познато е дека студиото на ирско-англискиот сликар Френсис Бејкон било неуредно, а урбаната мансарда на Кит Харинг била покриена со графити и скици. Јајои Кусама го трансформирал своето студио во Њујорк од шеесеттите во извонредна инсталација од тродимензионални текстилни скулптури.
Ателјето на Демиен Хирст, Пристаниште на Темза, Лондон (2024), акрил на платно
Шоуто на Елвес насловено Studio Visit кое се одржува во Unit London ги истакнува сликите направени во изминатите неколку децении, почнувајќи од приказите на станот на Пикасо во Париз до одморот на Темза на Демиен Хирст. Шоуто започна на 7 јули и ќе трае до 23 септември. Повеќе за овој уметник и неговите дела можете на најдете на неговата веб-страница и на Инстаграм.
Ателјето на Кит Харинг, зграда Кејбл, Њујорк (2023), акрил на платно
Ателјето на Кусама (2024), гваш на табла
Ателјето на Матис, Ла Регина, Ница (2024), акрил на платно
Ателјето на Пикасо, Улицата на Боеси (2023), масло на дрво
Ателјето на Рој Лихтенштајн, Њујорк (2024), акрил на платно
Извор: https://www.thisiscolossal.com