1025 hPa
56 %
6 °C
Скопје - Вто, 10.03.2026 22:59
Се деформираш,
а не си од пластелин.
Имаш ли контури
или си само збир
од неспоиви материи?
Пред да се создадеш се покоруваш на мерките.
Во скиците и калапите
телото ти бара повеќе
од димензиите.
Се одделуваш од калапот,
а празнината ја пополнуваат други материи
по иста мерка.
Твојата сенка се одделува од телото.
Што гледаш во одразот
кога друг ја фрла светлината?