Денот по утрото се познава

23.08.2024 18:42

- Владата веќе два месеца нема портпарол.

- Имињата на советниците на премиерот не се објавени.

-Базата Отворени финансии не е ажурирана од 17 јуни, односно ниту еднаш од кога е избрана новата влада.

-Деновиве е укината и можноста, тендерите од јавните набавки систематизирано и лесно да се следат на агрегатот Тајм.мк.

Ако се следи тој концепт за првите сто дена, изгледите за владината транспарентност се загрижувачки. Оти денот по утрото се познава.

Фросина Димеска, Призма, 23.08.24.