1029 hPa
37 %
18 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 12:59
Стојам мирно
пред него,
гледам во белото
туѓо тело.
Личи на статуа,
на уметничко дело.
Одам поблизу до него,
не: тоа е живо
туѓо тело.
Личи на ангел
спуштен од небо
или светец заштитник
на ова село
во кое секоја вечер
мракот носи по некое
туѓо тело.
Како Ромео
или Отело
бара љубов
и рака,
допир на тело
со тело.
Стои мирно
и смело.
Сè додека не нè напушти мракот.
Потоа
тука сме само јас
и моето тело.
Погледнувам трезвено:
јас стојам пред огледало.