1008 hPa
41 %
31 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 13:59
Бескрајно повторливи линии, декоративни мотиви, амблеми и историски личности се спојуваат во хипнотичката анимација на режисерот Лахлан Турзан од Лос Анџелес.
Во комбинација со придушената композиција на Блејк Милс насловена „Money Is The One True God“, музичкото видео се состои од скенови со висока резолуција споени во воодушевувачка ротација.
Компилацијата открива колоритни парчиња на валути од 23 земји кои датираат од 1800-тите до денес. Тие вклучуваат портрет на бунтовничкиот водач Семјуел Шарп на банкнотата од 50 долари на Јамајка, гравура на Теночтитлан на банкнота од 100 пезоси и калеидоскопско зајдисонце на 5 јуани од Кина - кои покажуваат како поимите за вредност еволуирале со текот на времето.
Турзан пишува дека користел заменски техники за анимација за да ги истакне гилош шаблоните вградени во банкнотите. Иако голем дел од анимацијата се фокусира на апстрактното, таа е индикативна и за културните трендови и промени.
„Ерата на истражување води кон индустријализација, чудата на светот се заменети со деловни згради, а иконите на слободата стојат во целосен контраст со сликите на ропството“, вели тој. „Проектот кулминира со колективните очи на сите светски лидери кои зјапаат во публиката“.
Плод на работата со талентирани уметници како Фиби Бриџерс, Сем фон Хорн и Flock of Dimes, „Money Is The One True God“ на Милс е само едно од музичките видеа на Турзан, кои можете да ги гледате на Vimeo и Instagram. Во продолжение може да се проследи ова кратко стоп-моушн видео кое го прикажува пресекот на културата и економијата.
Извор: https://www.thisiscolossal.com