1029 hPa
37 %
18 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 12:59
Со нетрпение чека да се изгаснат светлата
па да почне да живее.
Се протнува
меѓу жиците и тивко, за себе, пее.
Со следното разденување се враќа на место
и песната замира.
Ги покрива нотите со своите испаднати перја
додека вредна првка низ кафезот.
Цел ден мелодијата
тајно ѝ ги милува градите однатре.
Се засркнува од скриеното,
си ветува, веќе нема вака,
сѐ до следната ноќ
кога повторно повикот ќе ја распее.
Колку пати така, во текот на денот,
на месецот, на годината,
уште една од многуте
вдоми се-размножи се-умри-робови,
угодна кон светот,
а безмилосна кон себе
животот го става во погон и го гаси
додека не прегори?