1040 hPa
70 %
3 °C
Скопје - Пет, 17.01.2025 09:59
Во 1880-тите, храбриот фотограф од Филаделфија и горд член на Институтот Френклин, фотографот Вилијам Џенингс се обидел да докаже дека молњите се многу поразновидна и испарлива појава од обичен цик-цак на небото. По неколку обиди и грешки, тој на крајот успеал да го фотографира она што на интернет често се споделува како „првата фотографија на молња во светот“.
Приказната за достигнувањето на Џенингс започнува со сликарството. Според една статија во списанието Популарна наука од 1939 година, фотографот имал намера да фотографира молња со својот фотоапарат затоа што се сомневал дека „молњите не се во форма на цик-цак како што често се претставувани од страна на уметниците“.
Првите неколку обиди на Џенингс не биле успешни бидејќи тогашните фотографски емулзии не биле доволно сензитивни, но околу една година по неговиот прв обид, конечно успеал да направи фотографија.
Фотографија на Институтот Френклин, Филаделфија
„Џенингс не се обесхрабрувал, а една година подоцна, Џон Карбут, пионер во режисерските води, произвел супериорна емулзија и на експериментаторот му дал кутија“, се вели во текстот објавен во списанието Популарна наука. „За време на бура со грмотевици една септемвриска вечер во 1882 година, Џенингс ја направил својата прва успешна молскавична слика“.
Таа слика - која многумина ја сметаат за првата „правилна“ фотографија од молња - станала позната на 5 септември 1885 година кога во списанието Scientific American биле објавени неколку фотографии од молњите на Џенингс, што ги натера локалните весници да го прогласат за првиот фотограф кој го фотографирал феноменот:
Сепак, придавката „правилна“ со причина е сместена во наводници, бидејќи ова достигнување технички не му припаѓа на Џенингс. Најверојатно првата фотографија од молња била направена во 1847 година од Томас Мартин Истерли кој го користел процесот Дагеротип.
Подолу можете да ја погледнете неговата фотографија, насловена како Низа молњи (A Streak of Lightning):
Фотографија на Историскиот музеј на Мисури, Сент Луис
Меѓутоа, оригиналната фотографија на Истерли е изгубена, оставајќи ја онаа на Џенингс како прва „преживеана“ фотографија што ја имаме и која, покрај другото, е покохерентна.
Џенингс, исто така, направил уште неколку фотографии од молњи во текот на 1880-тите и 1890-тите, помагајќи да се утврди фактот дека нема две молњи кои се сосема исти и ниту една не изгледа како совршено формирана цик-цак линија. Како и да е, фотографијата на Џенингс заслужува почит, не само што ја потврдува неговата важност, туку и поради тоа што го катапултираше во центарот на вниманието како вистински визионер во доменот на доловување на суровата моќ на природата.
За да нурнете малку подлабоко во историјата на фотографирањето молњи, проверете го овој детален напис во списанието на Здружението на историчари на американската уметност.
Фотографија на Институтот Френклин, Филаделфија
Извор:https://petapixel.com