1009 hPa
41 %
31 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 12:59
На книжевниот фестивал Друга приказна #9 кој ќе се одржува од 30.08. до 01.09 на три локации во Скопје (Кафе Станица, Јадро и Ла Кања), на 31 август (сабота), во 22:30 часот во Ла Kања ќе настапи поетско-музичкото трио „Таблетариум”.
Таблетариум е поетско-музичко трио кое го сочинуваат : Бокерини (стихови), Иван (гитара) и Милан (музичка подлога).
Бојан Илиќ-Бокерини е слем поет од Ниш. Тој ја дефинира својата поезија како ревија на социјални и психоделични графити. Објавени книги поезија: Хип Хоп Сталкер (НКЦ, 2004), Монолит во стог сено (Зограф, 2008), Таблетариум (НКЦ, 2018).
Иван Милосављевиќ, гитарист. Настапувал со различни бендови од нишката алтернативна сцена: T-error, Kitsch Ensemble, Nahty, Pojave
Милан Станковиќ -Сајберфанк, Диџеј микс пулт/матрица.
Бокерини и Иван, со повремена соработка со други музичари, настапуваат од 2004 година во различни клубови, на фестивали и културни манифестации во регионот.
Дел од нив се следниве:
2004. Фестивал Залет, Зајечар, 2005. Клуб Blue Moon, Белград, 2008 и 2011 година. Нисомнија, Ниш, 2010. Треш фестивал, Ниш, 2011. АЈДЕ фест, Крушевац итн.
Во овој состав со Милан на диџеј микс пултот под името Таблетариум настапуваат од 2013 година. Покрај локалните клубови како што се Feedback, Scena, Truba, Splunge, Mirror, настапувале и на фестивал DEV9T, Белград, 2018, 2022. Нишвил Џез фестивал, Ниш, 2023. Ел Летен клуб, Ниш, 2023 , итн.
Како Таблетариум и под името Monolit u plastu sena имаат издадено вкупно 6 ЦД изданија за независната издавачка куќа на Зденко Фрањид, Slušaj Najglasnije од Загреб.
Бокерини моментално претставува стихови од својата четврта, необјавена збирка поезија со наслов Osmi Sputnik.
За Бокерини рекоа:
www.terapija.net/literatura.asp
Плејлиста на Таблетариум во живо: