1015 hPa
29 %
16 °C
Скопје - Пет, 10.04.2026 18:59
Вториот ден на деветтата Друга приказна започна со разговорот со Адел Фаисал Ал-Зоаби, писателот од Назарет, во Палестина. Разговорот го водеше Артан Садику.
Најновиот број на списанието Маргина # 96, целиот посветен на Палестина, го промовираше Здравко Савевски.
Блокот за Палестина заврши со разговорот под наслов „Што нам ни значи Палестина?“, во кој учествуваа Јерко Бакотин од Загреб и домашните учесници: Сара Миленковска, Никола Гелевски и Артан Садику. Водителка беше Фросина Крушкаровска.
По кратката пауза се одржа свеченото доделување на главната награда на фестивалот, на Семездин Мехмединовиќ, писател од Сараево. На лауреатот му беше подарен вез-сертификат, уметничко дело на уметницата од Нови Сад, Милица Дукиќ. Извадоци од неколку дела на Мехмединовиќ, како и кратки критички белешки за неговите дела, читаа актерката Лилјана Велјанова и Елена Митреска. Разговорот со наградениот писател го водеше Никола Гелевски.
Втората фестивалска вечер заврши во барот Ла Кања во Старата скопска чаршија, каде што се одржаа два концерта: на кантавторката Хана Корнети и на тричлената група од Ниш со необично име: Таблетариум - Ревија на социјални и психоделични графити.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Фотографии: Наташа Гелева