Друга приказна #9, ден 3

02.09.24 13:21

Вчера заврши деветтото издание на книжевниот фестивал Друга приказна. Еве краток извештај од третиот ден на фестивалот.

Програмата започна во 17 часот во културниот центар Јадро со изложбата/презентација „Текстилен весник“ на уметницата од Нови Сад, Милица Дукиќ.

Во 18.30. во кафето Станица започна серијата возбудливи и мошне информативни разговори еден на еден / една на една: со Ѓурѓица Чилиќ, гостинката од Загреб, разговараше Калина Малеска; Љупка Евроска го водеше разговорот со Маријана Чанак од Суботица; Никола Гелевски разговараше со Томислав Марковиќ (Белград), а со новинарот Јерко Бакотин (Загреб) разговараше Александра Бубевска.

Последна содржина на фестивалот беше малата изложба на трите наградени труда на конкурсот за млади за стрип, под наслов „Каде припаѓам?“ За конкурсот и резултатите кратко зборуваа Драгана Каровска од асоцијацијата Хера и Никола Гелевски од Темплум, кои го организираа конкурсот.

Тридневниот регионален книжевен фестивал помина во фасцинантно озарена атмосфера, со многу возбуда, размена и радост. Посетата беше неочекувано добра, со оглед на скопските културни (не)прилики, така што и од тој аспект Друга приказна годинава беше посебна.

Фотографии: Наташа Гелева

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око

ОкоБоли главаВицФото