Кина ја забранува реинкарнацијата без одобрение на власта

04.03.2011 14:16
Далај Лама нема да може да се реинкарнира без дозвола од кинеската влада

Кинеската влада утрово ја најави забраната за реинкарнација на будистичките монаси на Тибет ако тие претходно не добиле специјално одобрување од државата.

Според соопштението на Државната управа за верски прашања, овој закон, кој на сила ќе стапи од април, строго ги наведува процедурите според кои некој ќе може да се реинкарнира. Според Државната управа за верски прашања, ова претставува „важен исчекор во институционализирање на контролата врз реинкарнацијата“.

Жју Гонг Хао, државен секретар за верски прашања, наведе дека овој закон никако не докажува дека Комунистичката партија ја признала вистинитоста на будистичката вера.

„Мораме да имаме процедури за контрола на она што се случува на наша територија, каде што спаѓа и Тибет, па макар тоа било нешто непостоечко и непризнато како теоријата за реинкарнација“, изјави Хао за македонскиот весник „Кечер“.

„Ние имаме многу строга контрола на раѓањето на децата и замислете што би сторило со таа програма неконтролирањето реинкарнирање на секој мртовец кому тоа ќе му се посака. Со издавањето дозволи ќе го држиме под контрола и тој сегмент на неконтролирано населување“, заклучи тој.

Македонскиот новинар се интересираше дали законот подеднакво ќе се применува на сите, вклучувајќи го и Далај Лама, на што Хао одговори дека нема да има никакви исклучоци.

„Нема да има повластени, и ако Далај Лама планира да се реинкарнира, ќе мора да ги пополни сите формулари како и останатите будистички монаси, пред властите, евентуално, да му издадат дозвола за такво нешто“, рече Хао.

Решителноста на кинеската влада да ја воведе кармата во бирократските текови ја поддржа и индиската администрација која најави дека внимателно ќе ги следи ефектите од оваа одлука.

За разлика од нив, оваа најава предизвика остро негодување низ светот, посебно меѓу холивудските ѕвезди и поранешните мисици. Ричард Гир меѓу првите се обрати до своите обожаватели кои ги повика, во знак на протест, да ја бојкотираат кинеската храна.

 

Инспирација од http://www.njuz.net/kina-zabranjuje-reinkarnacije-bez-odobrenja-vlasti/