Девојката со четири нозе

04.09.2024 12:26
Девојката со четири нозе

Миртл Корбин, „девојката со четири нозе“, поради состојбата позната како дипигус, била родена со две одделни карлици сместени една до друга. Со секоја карлица, таа имала и два пара нозе. Миртл во поголемиот дел од нејзиниот шеесетгодишен живот била предмет на фасцинација, одбивност и љубопитност.

Називот „четириножна жена“ е всушност погрешен назив, бидејќи само еден пар нозе ѝ припаѓале на Корбин - другиот пар ѝ припаѓал на нејзината дипигус сестра близначка. Едниот пар нозе на Корбин бил со просечна големина, додека другиот бил мал. На веб-страницата „Човечки чуда“ пишува: „Состојбата на Миртл била неверојатно ретка. Малото тело на нејзината близначка било развиено само од половината надолу, а дури и такво не било добро развиено, било ситно и имало само по три прсти на секоја нога“.

Корбин била родена во округот Линколн, Тенеси во 1868. Американскиот шоумен, политичар и бизнисмен Финес Тејлор Барнум (1810 – 1891) познат по основањето на циркусот Барнум и Бејли (1871-2017), слушнал за неа и решил да ја ангажира за неговото шоу, претставувајќи ја пред големата публика низ Америка.

Миртл била толку популарна што успевала да заработи дури 450 долари неделно“, пишува Џеј Тинонус Педнауд во TheHumanMarvels. Во еден разговор, Педнауд, авторот на статијата на TheHumanMarvels.com, вели: „Мирта беше навистина впечатлива и интересна личност. На луѓето слични на неа често се гледа како на необични, изроди или чудовишта, но јас ги гледам како неверојатни, истрајни, снаодливи и прекрасни човечки суштества“.

По нејзината успешна циркуска кариера, Корбин на деветнаесетгодишна возраст се омажила за лекарот Џејмс Клинтон Бикнел и родила пет деца . Миртл починала од инфекција на кожата само шест дена пред нејзиниот шеесетти роденден во 1928 година.

Приказната на Миртл Корбин е приказна за упорноста и храброста на некој што живеел во време во кое разликите не биле секогаш прифатени или разбрани. Повеќе од 80 години по нејзината смрт, таа сè уште не учи дека не треба ги осудуваме другите врз основа на сличностите или разликите во однос на нас самите.

Изненадувачки и разочарувачки е тоа што Миртл е забележана на некои декорации за Ноќта на вештерките, што води кон тоа да ѝ се додели истиот статус како на одредени мрачни ликови од страшните приказни за врколаци, вампири и духови.

Извор: https://www.waterloochronicle.ca

ОкоБоли главаВицФото