Сон за магична иднина

10.09.24 10:22

Сликите на Мохамед З. Рахман постигнуваат совршена рамнотежа помеѓу сцените кои се густи и динамични, но и тивки. Инспирирани од уметноста на Пола Рего, Емори Даглас и Салман Тур, неговите ликови секогаш делат заеднички простор, но не секогаш комуницираат едни со други - како две деца кои се вклучени во паралелна игра или пријатели кои делат пријатен момент на тишина.

Овој самоук сликар добро информиран за антрополошките аспекти на своето потекло, во своите дела ги спојува народните истории на миграцијата, трудот, различноста, семејството и класата. Сето тоа тој во своите слики го претставува со широк агол, каде што таванот, подот и ѕидовите се декорирании со ефемери, а можат да се видат и алатки и мебел, елементи кои ни даваат реално чувство за секојдневието.

Пет играчи

Како британско-бенгалски уметник кој живее и работи во Лондон, неговите искуства ја создале желбата преку својата уметност да зборува за „културата на немир“. „Сакам да сликам на јазикот на надреализмот и социјалниот реализам како начин на справување со моменталните услови во кои живееме, истовремено создавајќи нов свет“, вели уметникот.

Четири вреќи

Вклучувајќи ја и опасноста и забавата преку таканаречена „карневалска и гробна палета“, длабокиот поглед на овие дела секогаш ќе ве натера да се прашувате за тоа како се одвиваат патувањата на семејствата и заедниците видени како продолжуваат со нивните секојдневни животи.

Една кожа

Трем

Маса

Три венци

Два оброка

Две соби во моето срце 1

Две соби во моето срце 2

Салон

Душек

Пауза за вечера на вратарот

Извор: https://www.itsnicethat.com

Слични содржини

Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око
Култура / Уметност / Око
Стрип / Култура / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото