На социјалните претприемачи (не) им треба среќа, им треба (и) знаење!

12.09.2024 09:14
На социјалните претприемачи (не) им треба среќа, им треба (и) знаење!

На 13 септември (петок), со почеток во 17 часот во кафе „Котур”, а во организација на Арно (Организација за социјална иновација), ќе се одржи настанот насловен „На социјалните претприемачи (не) им треба среќа, им треба (и) ЗНАЕЊЕ!”

Кој вели дека социјалните претприемачи се безгрешни? И дека социјалното претприемништво е страшно?! Со овој интересен настан организаторите сакаат да докажат дека „Социјалните претприемачи (не) им треба среќа, им треба (и) ЗНАЕЊЕ!”

Во духот на петок 13-ти, на настанот ќе стане збор за (не)среќите со успешни претприемачи, ќе се игра играта - Unfortune cookies, ќе биде споделен сетот на алатки за социјални претприемачи кој е подготвен во рамките на проектот YOU-CAN-BE* и ќе има инфосесија за новиот отворен повик за млади претприемачи RISE Journey 5**.

Со AРНО ќе бидат Александра Бела од УРМА, Кристиан Шопов (Еко-магионичар и Среќотворец), Магдалена од Лице в лице, и некое црно маче од дворчето напред.
Пријавете се и пополнете го формуларот на линкот.

„Проектот „You Can Be” се спроведува од Фондацијата Apprentis d’Auteuil-France (координатор), Vilniaus Kolegija-Литванија, Asociatia Scoala De Valori-Романија, Zaklada Znanje na djelu-Хрватска и Здружение за социјални иновации „АРНО” – С. Македонија. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија. Во рамки на овој проект се одржаа многу средби и размени и се создадоа неколку прирачници кои можат да послужат на обучувачи, ментори, професори, на самите социјални претприемачи и, секако, на сите наши колеги кои работат на оваа тема. Со радост сакаме да ги споделиме”, велат од АРНО.

Проектот RISE е во потрага по својата петта генерација на млади! Сите млади (16-35) кои имаат тимче (минимум двајца) и идеја како да направат нешто добро за општеството и животната средина можат да се пријават и ако бидат избрани да добијат 2500 евра неповратни средства, куп знаење, прекрасни ментори, можност да патуваат во регионот да запознаат слична идеја и….? И други детали кои ќе ги чуете на самиот настан (мини инфо сесија и можност да ги запознаете организаторите на настанот и на овој проект и директно да ги прашате за сѐ што ве интересира).

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото