1013 hPa
23 %
35 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 19:12

Во сабота, 14 септември, со почеток во 20 часот, во кафе бар „Цреша”, ќе се одржи концертна промоција на поетската книшка „Јазик за двајца” на Пијан Славеј.
Пијан Славеј е музичко-поетски формат на Бранислав Николов (глас, гитарa) од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски (гитара, синт) Славчо Јовев (тапани), Андреа Мирческа (контрабас) и Гоце Јованоски (бас), во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.