Дванаесетто издание на фестивалот ПРО-ЗА Балкан

13.09.2024 07:40
Дванаесетто издание на фестивалот ПРО-ЗА Балкан

Во периодот од 15 до 17 септември во Скопје ќе се одржи 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан.“

Гости на фестивалот ќе бидат петнаесетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко.
Добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, за оваа година е српскиот писател Владимир Пиштало, на кој ќе му се придружат хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и нашите автори Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски.

ПРОГРАМА:

15 септември (недела)

* Свечено отворање – Даут-пашин амам – 20 часот.

* Претставување на писателите и нивното дело.

* Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски

 

16 септември (понеделник)

* Средба на деца со писателката Мајда Корен (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“).

* Средба на членовите на „Скопје fellowship“ програмата со претставници на Македонската асоцијација на издавачи 13.30 часот (Бугарски културно-информативен центар).

* Тркалезна маса „Литературата како форма на отпор“ – Europe House - од 20 часот.
Ќе учествуваат гостите писатели. Модератор: Владимир Јанковски.

 

17 септември (вторник)

* Средба на деца со писателката Мајда Корен (училиште „Вера Циривири Трена“).

* Претставување на Конкурсот на министерство за култура за финансирање преводи на странски издавачи, пред членовите на „Скопје fellowship“ програмата – 12.30 часот.

* Книжевна средба со Катарина Луа ван Хоф и Лали Бернар – Француски институт во Скопје (17 часот)

* Затворање на фестивалот. – Даут Пашин амам – 20 часот.

* Со Владимир Пиштало, Мајк Дауни, Виолета Танчева – Златева и Ненад Шапоња ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски

* Говор на добитникот на наградата „Прозарт“, Владимир Пиштало.

 

18 септември (среда)

Офф програма,

* Прикажување на филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот, Мајк Дауни.

Разговор меѓу Мајк Дауни и Александар Прокопиев.
Кинотека на Северна Македонија – од 20 часот.