Летачката

16.09.2024 09:48

Попладнево се вселив во куќарка за полжав
и се стуткав удобно како ларва.
Со мускули и мекост
ги исполнив ѕидовите.
Сеќавањата бабреа и навираа
а јас се тенчев небаре старица
со кожа како најнежна хартија.

Ноќва месечината долго и споро капеше.
Удираше по куќарката тап-тап
а јас како да се смалував на креветот
сосе спомените на баба ми меѓу камилиците
и мајка ми меѓу јорганите на ветрот.
Ене, во пукнатината на јавето
сега татко ми се смее и пее.

Со будни очи гледам кон исток.
Куќарката е проѕирна
а јас чекам пак да се родам. Со крилја.
Птиците пејат тивко, нежно, долго.
Утрово ги немаше на дрвото па се растажив
а тие ми заглавиле во очиве
и летаат, летаат, летаат...

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото