1011 hPa
100 %
16 °C
Скопје - Саб, 05.10.2024 06:59
Овековечувајќи ја квир заедницата што ја опкружува, канадската уметница Маша Мерси од Торонто се обидува да го револуционизира начинот на кој го перципираме светот на уметноста и да го постави прашањето кој треба да го поддржува тој посебен свет.
Ненасловена, 2022
Тешко е да не се вознемирите од сликите на Маша Мерси. Прикажувајќи плејада на поединци од квир заедницата, речиси инстантно погледите на лицата од платното просто се заковуваат во вашите погледи. Нивната уникатна диспозиција е потенцирана со различни бои на косата, прецизна шминка за очи и тетоважи.
Сина, 2022
Толку различни во нивните идентификациски означувачи, а сепак обединети со посебниот стил на Маша, се чини како субјектите од нејзините слики да можат веднаш да излезат од платното. Делумно поради интензитетот што Маша го создава преку нејзините композиции и посветеноста на личните детали, овој факт е нагласен и со склоноста на уметницата кон текстурата. Користејќи акрилни и маслени бои во изобилство, пристапот на Маша кон материјалите е многу сличен на нејзиниот пристап кон општеството - целосно отфрлање на нормата.
Чекање, 2022
Бунтовното дело на Маша е инспирирано од други бунтовнички фигури и групи, како што се Герила девојки (Guerrilla Girls) - анонимна група феминистички уметници формирана во осумдесеттите години во Њујорк, кои го користеа протестот за да го демонстрираат сексизмот, расизмот и корупцијата неконтролирано распространети низ светот на уметноста. Слично како на проектот на „Герила девојки“, Маша се труди да го револуционизира начинот на кој ја гледаме уметноста, кого таа „треба“ да прикажува и луѓето кои го поддржуваат профитабилниот свет.
Зајдисонце, 2022
„Кога ги посетувате најважните уметнички музеи, ги гледате богатите, моќните, хетеросексуалните цис белци како најважните луѓе во историјата на уметноста“, вели Маша. „Ги доловувам луѓето од квир заедницата, ги истакнувам оние кои толку долго беа принудени да бидат во сенка и сакам да го документирам нивното постоење, наспроти игнорантноста која владее“.
Рај, 2022
Практиката на Маша, исто така, е во интеракција со нејзиното лично искуство растејќи во Иран, каде што имаше значајна и тешка борба со правилата, ограничувањата и учењата на владејачките сили. „Беше многу комплексно да го откриете своето автентично јас и да создавате уметност во општество каде што е забрането да се биде квир и кое ве води до егзекуција“, споделува Маша.
Ми недостигаш, 2022
Токму поради оваа „цензура и угнетување“ Маша почнува да твори „метафорично“. Користејќи ги деловите од телото, како што се коса, нокти, очи и стапала, и додатоци како крзно, вештачки трепки и мрежести чорапи, делата на Маша суптилно ги користат визуелните аспекти и означувачите на различни квир идентитети.
Торлан, 2022
Пар стилето чевли се комбинирани со бели Најк чорапи, главата на фигурата е интимно потпрена помеѓу бундата на придружникот, а светло сините акрилни нокти нежно поминуваат по кратките остри влакна на брадата.
Вознемирена од мене, 2022
Маша првично дипломирала на графички дизајн на Универзитетот за уметност во Техеран. Но, само што ја добила дипломата, таа вели дека знаела дека медиумот не ја „задоволува“. Така почнала да црта и практикува повеќе аналогни методи на изразување, по што се придружува на класата за сликарство водена од професионален ирански сликар.
Одмор на розово крзно, 2022
Во приот семестар се учеле основите сликарски техники, а следниот вклучувал сликање мртва природа. Меѓутоа, Маша била целосно незаинтересирана. „Се сеќавам добро дека му кажав на професорот дека не сакам да ја сликам поставката“, се сеќава Маша. „Ме праша: „Што сакаш да сликаш? Му реков: „Сакам да сликам што било што доаѓа одвнатре“.
Ненасловена, 2022
Професорот потоа им дал слобода на студентите да сликаат „флуидно, интуитивно и несвесно“, што набрзо резултирало со тоа што Маша за прв пат се нашла себеси како вистински ужива во уметноста што ја создава.
Мише, 2022
Најдобрата верзија од себе, 2022
Љубов, 2022
Извор: https://www.itsnicethat.com