1030 hPa
86 %
0 °C
Скопје - Саб, 09.11.2024 01:59
Во петок, 20 септември, во кафе бар „Котур”, со почеток во 20 часот, ќе се одржи целовечерна прослава на диско принципот со настапи во живо на Μакедонка, Πепо & Шабан, Тодор Караколев, музичка селекција на Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ, заокружени со Ненаситен Дисколаж - интервенција во простор на колективот Партизанска Штампа.
Како и многу други приказни за потеклото и оваа започнува со среќен инцидент. Во октомври 1959 година, поранешниот ресторан The Scotch Club во Ахен, Северна Рајна Вестфалија, се трансформира во сала за игранки. Газдата штедел на бендови и решил да користи плочи. Hier kommt младиот Klaus Quirini (подоцна DJ Heinrich) кој го зачнува она што потоа во светот стана познато како „диско“.
Диско ерата делуваше како култура за формирање идентитет, како израз на движења за општествено ослободување, на музички иновации и танцова извонредност. Таа имаше влијание врз модата, внатрешниот дизајн и вопшто врз целоснaта култура на живеење.
65 години подоцна, не сакаме само да се сеќаваме на тоа, туку и да покажеме како сцената денес се однесува кон феноменот „диско како принцип“.
Детална програма:
ΤΟΔΟΡ КАРАКОΛEB
Тодор Караколев е песнописец и електронски продуцент кој создава емотивно набиена музика со духовити и општествено свесни текстови. Беспрекорно се движи низ различни жанрови како мутант техно, краут, пост-диско, итало... и сето тоа со префинето чувство за македонските фолк и поп традиции. Музика за танц со мрачен и изопачен сексапил.
stotrojka.bandcamp.com/album/--4
ПЕПИ & ШАБАН
Александар Ордев и Максимилијан Сарајлија припаѓаат на две различни генерации електронски гикови и истражувачи на звук, поврзани преку нивните заеднички опсесии во (не)променливиот модулрен Скопје град. Флуидни идентитети и извори на звук, вицотека.мк, непредвидлив и бесконечен дисколаж. Само подиумот знае.
ΜΑΚΕΔΟHΚΑ
ΜΑΚΕΔΟHΚΑ е модерна вештерка, нов глас со архаично ехо. Со провокативна spoken word лирика разлеана врз хипнотички електронски битови, таа ги истражува темите на политиката, идентитетот и сексуалноста.
stotrojka.bandcamp.com/track/--29
Ненаситен ΔИСКОЛАЖ
(Интервенција во простор на Партизанска штампа)
Бунтовната колажна уметност го рефлектира субверзивниот и разигран дух на диско клубот, предизвикува норми и ја слави индивидуалноста преку колективно задоволство..
„Ненаситните“ се феномен кој се појави во 2023-та, ги зема ножиците во рака и се обидува да ги пресече сите препреки на патот за да не зарѓа, за да не заспие, за да продолжи да ја ситни сегашноста барајќи ја есенцијата до најмалиот нерасцеплив атом.
ΔИСКО ПАР
Музичка селекција на Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ
Дизајн на постер: Марко Печеновиќ
Настанот е подржан од Гете Институт Скопје во соработка со Партизанска штампа, 5060 и Канал 103.