Истражување: Мажите не се јавуваат на телефон само кога имаат секс

04.03.2011 16:52
Истражување: Мажите не се јавуваат на телефон само кога имаат секс

Калифорнија, 4 март 2011. Резултатите од неодамнешното истражување на институтот за социолошки студии на Беркли покажаа дека мажите секогаш ќе одговорат на телефонски повик, освен во ситуација кога во тоа ги спречува фантастичен секс со личност која не е онаа што ги бара.

Истражувањето ги опфати сите фокус групи по примерот на околу 5000 мажи, вклучително и мажите кои биле на службен пат, оние кои излегле да се видат со пријателите, како и оние што отишле на деловен ручек.

– Без разлика на тоа каде кажале дека одат, сите овие мажи во мигот на неодговарањето на телефонскиот повик биле сред многу интензивен сексуален однос – изјави истражувачот Роберт Андерсен.

Студијата покажа дека во 74 отсто од случаите мажите кои не се јавуваат на телефон имале секс со женска личност која е поубава, позгодна и помлада од личноста која им се јавува. Исто така, во 80 отсто од случаите сексот бил со личност која изведува подобро фелацио, а дури во 92 отсто од случаите личноста во креветот ги исполнувала машките фантазии кои личноста која се јавувала одбила да ги изврши.

– Во некои случаи личноста навистина не можела да се јави зашто батеријата била празна – рече Андерсен. – Меѓутоа, во секој од овие случаи батеријата се испразнила зашто мажот ја поминал ноќта во туѓ стан, па не можел да го наполни телефонот или го испразнил со интензивно испраќање фотографии од своите гениталии на други жени – додаде истражувачот.

Студијата исто така покажа дека во 99 отсто од случаите мажите кои во друштво нервозно се јавуваат на телефон и почнуваат да пелтечат додека разговараат, го прават тоа затоа што планираат да имаат секс со личноста која се наоѓа од другата страна на линијата.

Текстот е инспириран од овој текст.

Извор: njuz.net