Во Комисијата треба да членуваат и претставници од меѓународни тела

19.09.2024 14:31

Зошто сметате дека во Комисијата треба да членуваат и претставници од меѓународните тела кои ги наведовте?

-Затоа што вакви комисии постоеле и постојат во Европа и бидејќи е очигледно дека со ваков начин на работа комисијата не може да дојде до резултати. И дополнително наместо да се намалуваат антагонизмите и тензиите меѓу двата народа и двете држави, тие периодично се интензивираат. Затоа сметавме и сметаме дека е потребно меѓународни експерти да навлезат подетално во работата на Комисијата – да имаат увид како се работи, што се очекува од неа и слично. И погоре реков дека тоа не гарантира успех, но дава можност, со помош на меѓународна експертиза, да се искористат некои позитивни искуства од слични комисии во Европа. Присуството на експерти од УНЕСКО или Советот на Европа според мене ќе ја намали можноста за политичка инструментализација на комисијата, пред сè од страна на Бугарија и токму затоа бугарските колеги резолутно беа и остануваат против вклучување на такви експерти.

Огнен Вангелов; интервју за Respublica, 17.09.24.