Суела Лала - албанска активистка за правата на лицата со попреченост

20.09.2024 00:06
Суела Лала - албанска активистка за правата на лицата со попреченост

Суела Лала е родена на 5 април 1983 година во Бурел, мало гратче во североисточна Албанија.

Во 1997 година нејзината земја доживува немири и политички превирања како последица на падот на пирамидалните шеми, кои почнаа да цветаат веднаш по распаѓањето на комунистичкиот режим во раните деведесетти.

Истата година, поради хаосот создаден од протестите на луѓето кои ги загубиле сите свои пари и ги продале своите куќи за да ги вложат парите во пирамидалните шеми, цивилното население го ограбува оружјето од воените складишта низ целата земја. Треба да се има предвид дека албанскиот комунистички режим беше еден од најизолираните во светот и низ годините по цена на осиромашување на населението, инвестираше многу во вооружување.

Во јуни истата година, залутан куршум ја погодил Суела во вратот додека била во куќата на нејзините баба и дедо. Станува квадриплегичар како последица на оштетување на 'рбетниот мозок.

Така станала дел од светот на луѓето со попреченост, тотално неподготвена за тоа, без никакви знаења и информации на 14 години.

Неколку години се чувствувала изгубено и страдала физички и ментално во земјата која сè уште се опоравувала по колапсот. Потоа одлучува дека единствениот пат напред е преку образованието.

Отсекогаш ги сакала училиштето и странските јазици и всушност на 14-годишна возраст зборувала и англиски и италијански, што подоцна особено ќе ѝ послужи во периодот што го поминала во Центарот за рехабилитација во Пиза, Италија.

По рехабилитациското искуство кое не било достапно во нејзината земја и било клучно за нејзината благосостојба, а исто така и за прифаќањето и справувањето со нејзината попреченост, почнува повторно да го гради својот живот.

Студирала англиско право во Chartered Institute of Legal Executives во Лондон, а подоцна и во Албанија, каде станува магистер по јавно право.

Потоа студирала политички студии во Школата за политички студии на Советот на Европа, од каде произлегува избрана група лидери во посткомунистичките земји.

Во 2008 година за првпат се запознала со движењето за попреченост во Албанија и почнала да работи за различни организации и тука започнува нејзината страст за правото и активизмот.

Во 2013 година, заедно со група луѓе ја основа Фондацијата „Se Bashku“/Together, организација која ги промовира правата на лицата со попреченост во Албанија.

За да да биде подобра во својата работа во граѓанскиот сектор, ја следела работата на Академијата на невладините организации.

Организацијата што ја води е фокусирана на промоција на правата на попреченост во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост. Организацијата е особено фокусирана на пристапноста, каде е лидер во застапувањето пристапност во земјата и независно живеење - Суела исто така е член на одборот на Европската мрежа за независно живеење ЕНИЛ, изборни права за лицата со попреченост и сексуално и репродуктивно здравје и права за лицата со попреченост.

Суела Лала е позната активистка во Албанија и исто така е моќен глас во медиумите за промовирање на правата на лицата со попреченост.

Нејзината работа е фокусирана на постигнување еднаквост и недискриминација за заедницата на лица со попреченост во нејзината земја.

Веднаш по несреќата се преселува во Тирана, главниот град на земјата, каде што живее заедно со своето семејство.

Има добиено признанија и награди како активист во својата земја.

ОкоБоли главаВицФото