1030 hPa
80 %
2 °C
Скопје - Саб, 09.11.2024 00:59
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” вчера (21 септември) го започна своето 45. издание.
Пред Центарот за култура во Битола, настанот се отвори во 19.15 часот со црвениот тепих, а во 19.45 ласот започна церемонијата на свеченото отворање и проекција на Канскиот хит-филм „Партенопе” во режија на Паоло Сорентино.
Годинашен добитник на наградата „Златна камера 300” за животно дело е францускиот кинематограф Бруно Делбонел, кој присуствуваше на свеченото отворање и ја прими наградата.
Добитничка на специјалната награда „Златна камера 300” за особен придонес во светската филмска уметност е истакнатата полска кинематограферка – Јоланта Дилевска.
Во седумте фестивалски дена публиката ќе ужива во 65 филмски остварувања.
Фото: Мартин Николовски
Извор:https://meta.mk