1022 hPa
70 %

7 °C
Скопје - Чет, 13.02.2025 19:59
Денес, 23 септември, со почеток во 20 часот, во кафе-книжарница „Буква” ќе биде отворена самостојна изложба на младата уметница Елизавета Матjушенко - „Црвен цвет”. Исто така на настанот со кратко предавање ќе се приклучат и претставници на организацијата „Полимат 13”.
Фокусот на проектот е уникатно растение кое е во Глобалната црвена листа. Ова растение може да се најде само на територијата на општина Богданци, тоа се нарекува Меурест Козинец – ботаничарите го познаваат и како „Astragalus physocalyx”. Целта на проектот е да се прошири знаењето за Козинецот и да се заштити реткото растение.
Делата се изработени во техниката polaroid emulsion lift, што ја прави сликата заматена и создава ефект на спомени. Така сакам да нагласам дека знаењето за ова ендемично растение треба да го популаризираме сега, а не кога веќе ќе исчезне.
Растението цвета во рана пролет во периодот од април до јуни. Постои легенда, доколку го видите растението ке ве следи среќа низ цела година.
Голема благодарност за помошта во работењето на фотографиите на „Полимат 13” од Богданци. Ако сакате лично да го видите растението - тие организираат екскурзии до местата каде расте Козинецот.
Проектот е направен во рамките на работилницата „Одржливи заедници” со куратор Никола Узуновски.