1012 hPa
100 %
17 °C
Скопје - Саб, 05.10.2024 08:59
Како графички дизајнер и графитист кој работи од 1989 година, германскиот уметник Neck или Оливер, е голем обожавател на „убавината и (понекогаш) необичноста” на обичниот дизајн на аудио касетите. Неговиот амбициозен архивски проект насловен Tapedeck, има за цел да го документира широкиот опсег на касети произведени во текот на втората половина на дваесеттиот век.
Касетата, измислена во 1963 година, влезе на пазарот со слаб прием бидејќи се натпреваруваше со повисоките технологиите во тоа време. Соодветната компактност за снимање музика заедно со нејзината преносливост на крајот ја позиционираа на врвот меѓу своите конкуренти, а квалитетот на звукот продолжи да се подобрува во седумдесеттите години.
До следната деценија, касетата беше омилена меѓу потрошувачите, претекнувајќи го винилот и продолжувајќи да доминира до деведесеттите, кога ЦД-ата ја променија технологијата.
Аудио касетите, покрај тоа што се употребуваа за музика и перформанси, беа алатки со кои секој можеше да направи базични снимки користејќи домашен стерео систем. Медиумот ги катализираше социјалните промени благодарение на неговата мала големина, издржливост и можност за копирање.
На пример, андерграунд панк и рок касетите соопштуваа аспекти на западната култура меѓу младите генерации зад Железната завеса, политичка и физичка граница што ја делеше Источна и Западна Европа помеѓу 1945 и 1991 година.
Славејќи го културното наследство и естетиката на технологијата на која сè уште се восхитуваат љубителите на звукот, страницата Tapedeck е во форма на визуелна база на податоци каде што може да се пребаруваат речиси илјада примероци.
Името потекнува од касетофонот или машината на која се пуштаа касетите. Може да се пребарува според временскиот период на употреба, боја, материјал и бренд. Колекцијата го истакнува препознатливиот изглед на аудио касетите, како и препознатливите форми и може да се каже дека претставува своевиден микрокосмос на графичкиот дизајн од седумдесеттите до осумдесеттите години.
Истражете уште стотици модели на веб-страницата Tapedeck, каде што исто така можете да најдете информации за испраќање слики од касети кои не се во архивата.
Извор: https://www.thisiscolossal.com