Револуционерен реактор кој отпадната вода ја претвора во гориво, ѓубриво и вода за пиење

24.09.2024 14:26
Револуционерен реактор кој отпадната вода ја претвора во гориво, ѓубриво и вода за пиење

Новиот пристап за производство на амонијак, користи еколошка техника која ја претвора отпадната вода во амонијак и безопасни нуспроизводи. Новиот метод, развиен од Фенг-Јанг Чен и неговиот тим од Универзитетот „Рајс“ во САД, користи хемиски реактор со повеќе комори, кој работи на собна температура, значително намалувајќи ја потребната енергија во споредба со конвенционалните методи.

Амонијакот е неопходен во различни индустрии, вклучително и земјоделството и ладењето, при што глобалното производство придонесува со 1,4 отсто од емисиите на јаглерод диоксид и троши 2 отсто од светската енергија. Традиционалните методи на производство бараат високи температури и притисоци, што придонесува за нивното влијание врз животната средина и климатските промени. Реакторот на Чен нуди поодржлива алтернатива со работа на собна температура.

Водата е доволно чиста и за пиење

Реакторот работи со воведување на вода измешана со нитрати, кои обично се наоѓаат во индустриски отпадни води или земјоделски отпадни води, во систем со три комори. Електродите во првата комора предизвикуваат електрохемиска реакција што резултира со одвојување на водата во амонијак, прочистена вода и кислород. Прочистената вода што се произведува е доволно чиста, за да ги исполни стандардите за пиење на Светската здравствена организација (СЗО).

Чен забележува дека иако слични реактори биле тестирани, тие честопати барале додавање сол за да се олесни реакцијата. Дизајнот на неговиот тим, сепак, користи порозен материјал во средната комора, за да го постигне истиот ефект без адитиви, што го прави процесот попрактичен.

Иако реакторот е тестиран само во лабораторија со вода богата со нитрати, американските научници се надеваат дека на крајот би можел да се користи од локалните бизниси и фарми, за рециклирање на отпадните води.

„Сè уште сме на ниво на академско истражување, но реализацијата на овој проект е мојот најголем сон”, изјавил Чен.

Извор: https://www.newscientist.com

ОкоБоли главаВицФото