1029 hPa
37 %
18 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 12:59
Уметничката резиденција за престој на меѓународни уметници и писатели „Брашнар” ќе ја отвори едноноќната изложбата: „Брашнар отворено студио, Септември 2024”, на која ќе се претстават уметниците гости:
- Корделија Бадеквин (Cordelia Beaudequin)
цртежи со јаглен / Франција
- Џулија Холтман (Julia Holtmann)
цртежи со графит / Германија
Изложбата ќе се одржи денес, 25 септември (среда) од 19:00 – 23:00 часот на ул. „Панко Брашнаров” бр.17, населба Хром, Ѓорче Петров, Скопје.
Учесниците во меѓународната програмата за престој на уметници и пистаели „Брашнар” на денoт на изложбата ќе ги отворат ателјеата и ке ги претстават своите дела креирани за време на едно-месечениот престој во населба Хром (Ѓорче Петров) воедно инспирирани од локалната култура и средина.
Организаторите срдечно ги покануваат сите љубители на уметноста на едноноќното интересно дружење со уметниците гости oд Германија и Франција на последната изложба за оваа летна сезона 2024. Настанот е отворен за сите возрасти. Влезот е слободен.
Поддржано од Креативен проект „Брашнар” - Скопје (здружение за современа интердисциплинарна уметност и еколошки развој)