1019 hPa
64 %
18 °C
Скопје - Пет, 12.06.2026 10:08

Вечерва, 26 септември (четврток), со почеток во 21 часот, во кафе-книжарница „Буква”, ќе се одржи концерт на скопското психоделично рок трио The Local Blue.
The Local Blue е динамично психоделично рок трио од Скопје. Нивниот звук не може да се категоризира низ секојдневните вибрации и жанрови. Напротив, динамиката и текстурата во звукот на The Local Blue претставува цврста основа за креирање несекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите. Целат кон алтернативно пронаоѓање во музиката и целосно аудио-визуелно доживување.
Константната склоност кон импровизациските преформанси им помага во развојот на нивните творечки процеси и воедно им дава целосна слобода во хармоничното изразување на невербалната комуникација и реализација на самата содржина.
Членови на бендот се Кристијан Новковски (тапани), Кристијан Савиќ (електрична гитара), Панде Ефтимов (бас) и Нинослав Спировски (тенор саксофон).
Повеќе од нивната музика можете да слушнете на платформата Bandcamp.