1017 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Нед, 16.02.2025 07:59
Во петок, 27 септември, со почеток во 20 часот во културниот центар „Лабораториум” ќе биде отворена изложба на дела на уметницата Лидија Пачемска Џонс насловена „Гнездо”.
Рециклирањето на хартијата вклучува собирање и преработка на искористени производи од хартија за да се создадат нови хартиени предмети, што помага да се намали отпадот, да се заштедат дрвја, да се зачува енергија и да се намалат емисиите на стакленички гасови. Тоа е одржлива практика што може креативно да се интегрира во различни проекти, зачувувајќи ја животната средина.
Користејќи ја креативната енергија, Лидија Пачемска Џонс во својот дизајнерски опус создаде фотелја, ламби, модуларна маса од рециклирана хартија надоградувајќи ги со својот препознатлив уметнички талент.
Во петок во „Лабораториум” ќе бидат претставени нејзините изработки, надополнети со слики од нејзиниот опус, кои ги обработува во три различни серии: Урбани птици, Магична шума и Сенки.