Промоција на книгата „Во потрага по Мери Шели” од Фиона Сампсон

26.09.2024 13:59
Промоција на книгата „Во потрага по Мери Шели” од Фиона Сампсон

Вечерва, 26 септември во бифето на Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана книгата „Во потрага по Мери Шели” од авторката Фиона Сампсон. Книгата е во издание на „Перун Артис” од Битола.

Во оваа прониклива нарација, Фиона Сампсон ја следи Мери Шели низ нејзиниот бурен живот, исто како што Виктор Франкенштајн го гонел своeто чудовиште низ арктичките простори. Сампсон напишала книга која конечно одговара на прашањето како една деветнаесетгодишна девојка успеала да напише роман толку темен, мистериозен, трогателен и психолошки прониклив, што продолжува да одекнува и по два века. Ниту еден претходен биограф никогаш навистина не го разгледал ова прашањe.

Фиона Сампсон е поетеса која двапати била номинирана за наградата „Т.С. Елиот” и за наградата „Форвард”. Таа ја има добиено наградата Чалмондели”, наградата „Њудигејт” и Наградата за писатели од уметничките совети на Англија и Велс. Исто така, таа е член на Кралското друштво за литература, член на Кралското друштво за уметности и член на доверителите на фондацијата „Вордсворт”.

ОкоБоли главаВицФото