1035 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Саб, 18.01.2025 06:59
Вечерва, 27 септември (петок), со почеток во 20 часот, во Галерија „Пионери” на улица Теодосиј Гологанов 74а (од задната страна на Хомакс), ќе биде отворена групната изложба насловена A Very Demure Evening Affair.
Галерија Пионери, Теодосиј Гологанов 74а, од задната страна на Хомакс.
A Very Demure Evening Affair е изложба која поврзува група на минималисти и фигуративци од различни делови на Европа. Секој од нив има посебен талент за создавање уметност, која преку суптилни линии и форми, поттикнува пријатна енергија и остава шармантен впечаток кај гледачот.
На изложбата ќе можат да се погледнат делата на Витја Богданова од Хелсинки, која ќе ги претстави своите интимни мапи cо рапидограф и водени бои. Од Милано, Мартина Чиноти ќе претстави слики во масло со сувa четка. Ана Спасова од Скопје со линорез, сув печат, огледало инсталација и Билјана Јовановска ќе се претстави со цртеж со јаглен насловен Клити. Бисера Крцковска од Белград ќе изложи колекција колажи во мал формат. На изложбата од Болоња се надоврзува Аница Китаноска со современ мозаик, Илијана Алексоска од Скопје, со трансцендентни диптиси во акварел и Благица Трајкоска со голем формат масло на платно.
Куратор на изложбата е Ева Николоска.