Инклузивна модна ревија во Скопје

27.09.24 13:05

Лица со попречености беа модели на писта во Музејот на современа уметност во Скопје, на 25 септември, на ZEN Инклузивно Soirée со првата модна ревија на адаптирана облека направена за и презентирана од лицата со попреченост.

На ревијата беа промовирани панталони, кошули, маици, фустани и јакни со модерни дезени и дизајни креирани да придонесат за поголема независност и поквалитетен живот за лицата со попреченост.

Функционалната облека ги подобрува квалитетот на животот, гордоста и самодовербата кај лицата со попреченост и има цел да го олесни нивното секојдневно функционирање, да создаде поголема независност и да им помогне на нивните семејства, асистенти или старатели.

Парчињата кои се шиени според потребите и по мерка на лицата со попреченост се креација на дизајнерките Ена Зафировска Трајкова и Сара Величковска. Иницијатор за создавање на македонски моден бренд за адаптирана облека е претседателот на здружението „Икуалити“, Гере Трипков.

Фото: Небојша Гелевски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото