1035 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Саб, 18.01.2025 06:59
Во недела, на 29 септември, со почеток во 11 часот, во Градски парк Скопје – Лепеза, ќе се одржи деветтата по ред хуманитарна манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Македонија.
Целта на оваа акција е да се подигне свеста на јавноста за Вилсоновата болест, да се поттикне социјална вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа ретка болест, како и да се поттикнат што повеќе луѓе на рекреација и подобрување на нивната општа психофизичка состојба.
Како и сите претходни години, организаторите веруваат дека на „Подај рака” ќе има одлична атмосфера и настан богат со веќе традиционалните три трки: штафетна, детска, и трка за миленици. Како и обично, ќе има добра музика, дружба и други изненадувања за дечињата и сите што ќе учествуваат!
„Горди сме што со несебичната помош и подршка на хуманите луѓе и општествено-одговорните компании, кои ги поддржаа претходните изданија на „Подај рака”, продолжуваме со остварување на нашата мисија за подигнување на свеста на стручната и пошироката јавност на оваа ретка болест, подобрување на условите за дијагноза, следење и третирање на Вилсоновата болест и поддршка на лицата и семејствата засегнати од истата”, велат организаторите.
Со овој настан им се дава поддршка на сите лица кај кои најчесто како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, им се оддава почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив. Лицата со ретки болести имаат право да не бидат невидливи во општеството. Подај рака!
За учество на настанот можете да се пријавите на следниот линк.