Аерозагадувањето во Македонија годишно одзема над 3.800 животи
Премиере, Ве потсетувам дека аерозагадувањето со ПМ 2.5 во Македонија годишно одзема над 3.800 животи, што е 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Секој деветти смртен случај кај новороденчињата е поврзан со загаден воздух. Тие новороденчиња можеа да израснат и да ја подобрат демографската рецесија што деновиве патриотски ја верглате.