Ирачки ресторан

29.09.2024 09:45

Американците го претворија во рерна
секој дом во Багдад
и чекаа

Ирачаните
да се појават како готвачи
во САД, како Виетнамците пред нив.

Превод: Сара Цветановска

Амитава Кумар е писател, новинар, уредник и професор по англиски јазик на Васарскиот колеџ во САД. Роден е во Индија во 1963 година. Студирал политички науки, магистрирал лингвистика, потоа Англиска книжевност, а докторирал на културни студии и компаративна книжевност. Автор е на голем број поетски, прозни и академски дела и добитник на голем број награди и стипендии. Пишува за постколонијализмот, имиграцијата, војната против тероризмот, пишувањето и религиозното насилство, и други теми. Песната „Ирачки ресторан“ е објавена во неговата прва збирка „Без солзи за индискиот емигрант“ (No Tears for the N.R.I.) објавена во 1996 година.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото